„Внуците се среќа која нема цена“: 4 работи кои се случуваат кога ги имаме
Кога ќе станете баба и дедо, доживувате една од најпосебните
трансформации во животот. Тоа е чувство кое не може да се спореди со ништо
друго, а срцето се исполнува со посебен вид на љубов - онаква каква што само
внуците можат да ја разбудат. Еве четири клучни работи што се случуваат кога
имаме внуци.
1. Љубовта кон внуците е различна, но подеднакво силна
Една од првите работи што многу луѓе ја забележуваат кога имаат внуци е колку е интензивна љубовта кон нив, но некако различна од љубовта што ја чувствуваме кон нашите сопствени деца. Како родители често сме оптоварени со обврски и грижи за иднината на нашите деца, но кај внуците оваа динамика е поинаква. Имаме можност да уживаме во секој момент без тоа постојано чувство на одговорност. Нашата љубов кон нашите внуци е безусловна, исполнета со топлина и радост, без притисок на родителска дисциплина. Имаме можност да ги дадеме најубавите делови од себе, да уживаме во нивните успеси, но и да бидеме поддршка во моментите на предизвик.
2. Се враќа чувството на младост и виталност
Внуците имаат неверојатна способност да го вратат чувството на младост во нашите животи. Без разлика на возраста, кога сте во нивна близина, тоа е како повторно да го откривате светот. Нивната енергија, љубопитност и невиност нè потсетуваат на убавината на животот и ни ја враќаат радоста што можеби донекаде сме ја заборавиле со текот на годините. Играјќи со нашите внуци, се враќаме во детството, повторно откриваме едноставни задоволства и секојдневни ситници кои можат да не направат среќни. Често се вели дека внуците се „еликсир на младоста“, бидејќи токму преку нивната радост наоѓаме нова енергија и смисла.
3. Ново значење и цел во животот
Станувањето баба и дедо често носи ново чувство за цел. Откако децата пораснаа и тргнаа по својот пат, внуците носат чувство дека кругот на животот е затворен, но и дека се отвора ново поглавје. Нивното присуство дава нова цел и подлабоко значење на секојдневните активности. Имаме можност да бидеме присутни во нивните животи, да го пренесеме нашето знаење и мудрост, но и да учиме од нив. Чувството дека сте важен во нивниот живот, дека имате можност да влијаете на нивниот раст и формирање како личност, носи неизмерна радост и исполнетост.
4. Се зајакнува врската со децата
Доаѓањето на внуците исто така често придонесува за зајакнување на односот со сопствените деца. Како баби и дедовци, сега ја споделуваме заедничката радост и предизвиците на родителството, но со поинаква перспектива. Многупати, токму преку заедничките моменти со нашите внуци, ги зацврстуваме нашите врски со нашите деца, разменуваме совети, ги поддржуваме во нивните родителски улоги и заедно создаваме нови спомени. Преку заедничка грижа за внуците, односот меѓу родителите и децата често добива подлабока димензија, исполнета со заедничка цел - среќата и благосостојбата на внуците.
Внуците се навистина бесценети богатства кои на посебен начин го збогатуваат животот на бабите и дедовците. Тие носат љубов, радост и обновено чувство за цел, а истовремено ги зајакнуваат семејните врски. Секој миг поминат со нив станува драгоцен спомен кој не‘ исполнува со среќа. Како баби и дедовци, имаме можност да ја живееме љубовта во нејзината најчиста форма, а тоа е нешто што е навистина бесценето.
Фото: freepik