Внук ми Лука е сега посреќен: Маја Оџаклиевска за Женски магазин

Маја Оџаклиевска, еден од најсилните вокали на регионалната музичка сцена, секогаш отворено зборува за аутизмот на нејзиниот внук Лука, синот на постарата ќерка Теа.

Каква што е на сцената, енергична и моќна, таква е и дома. Оџаклиевска ги вложува сите свои сили за нејзиниот внук да има среќно детсво.

Скопјанката која долги години живее во Белград, сама се грижи за внукот, откако како што во една прилика за Женски магазин изјави, нејзината ќерка си заминала. Минатата година, таа со Фејсбук статус ја објасни историјата на болеста на внукот, најважното нешто во нејзиниот живот.

-Лука е роден како здраво бебе. Од првиот ден, тој изгледаше како неговите „очи да шараат“ што би рекол народот. На возраст од 6 месеци, со своите очи и движења го препознаваше своето име. На возраст од една и пол година, тој веќе кажуваше зборови многу јасно, дури и се обидуваше да кажува едноставни реченици.Потоа ја прими вакцината за ММР. Тој стана раздразлив преку ноќ, не можеше да спие со часови и покрај тоа што го нишавме и слушаше музика. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше буден, се криеше под масата и во ќошовите.


Кога се чувствуваше растроено, ќе си ја удираше главата од подот или ќе се удираше немилосрдно со тупаници. Се обидувавме да ја спречиме самоагресијата, а тоа се претвораше во агресија.Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека тоа е сосема нормална функција на мозокот.Лука денес има 10 години. Тој сè уште не зборува.

Нападите на автоагресија и агресија значително се намалија, благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, усмерување и врамнотежена исхрана.Лука сака музика, долги прошетки, гушкање, возење (со сите средства за транспорт) и забранети слатки. Прогледуваме низ прсти, се разбира. 

П.С. Не ме прашувајте зошто престанав да се фарбам, зошто ја скратив косата, или зошто ретко се појавувам.Имам поважна работа.“, е Фејсбук статусот на Маја кој го пренесоа многу регионални медиуми.

Пред неколку месеци, Маја и Лука се повлекоа на село, во куќа на пријател во која често претстојуваат, за да се заштитат од опасноста од зараза со коронавирусот. На втори април, беше светскиот ден за борбата против аутизмот.

-И понатаму живееме во Белград, само одиме на село кај пријателот кога Лука има распусти. Така ќе го искористиме и Велигденскиот распуст. Што повеќе време поминуваме вон градскиот метеж и загадениот возух, тоа е подобро за нашето здравје. Лука е посреќен и поопуштен кога може да го помине денот во дворот“, ни напиша Маја од Белград.

Таа вели дека нејзиниот внук, и покрај пандемијата оди на редовна настава на училиште, кога се во Белград.

„ Ако одлулиме да го продолжиме претстојот на село, ќе има онлајн настава. За сега, наставата тече вообичено“,  ни изјави Маја.

На фестивалот Охрид фест, таа гостуваше во 2019 година, и тогаш, во Македонија беше дојдена заедно со внукот кој уживаше во настапот на својата баба, додека ја следеше од публиката.

„Ќерка ми Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува“, ни рече тогаш Маја.

Претходно, Оџаклиевска изјави дека се надева оти на нејзиниоит внук може да му се подобри состојбата со хипербаричен кислороден третман , во хипербарична комора.

„Сѐ уште не заминавме на тој третман. Таа комора, кога работи, никогаш нема место, или пак не работи и никако да дојде нашиот ред да се обидеме со кислороден третман“, додаде Маја. Таа вели дека со целото срце се труди да му го олесни детството на својот внук.


М.Џаровска

Фото: Приватна архива 

Не ме прашувајте зошто престанав да се фарбам, имам поважна работа: Маја Оџаклиевска со емотивни видеа за внукот со аутизам