Во 2000 е прогласена за најубава жена на земјината топка, а сега е „фатена“ без грам шминка и фала ѝ-Не се срами да покаже дека изгледа како сите жени!

Холивудската актерка Пријанка Чопра неодамна беше уловена на улиците на Беверли Хилс додека се враќаше од деловен состанок, а прославената 40-годишна девојка ја изненади јавноста со опуштено, лежерно издание во кое ретко имаме можност да ја видиме.

Убавата Индијка се појави во фармерки со рамен крој, кошула со пруги, бели патики, без шминка на лицето и малку неуредна пунџа, уште еднаш покажувајќи ни дека славните диви понекогаш се исти како и остатокот од светот.

Иако Пријанка во ова издание можеби не наликува на жената која ја освои титулата Мис на светот во 2000 година и беше прогласена за најубава на планетата, не може да се негира дека изгледа негувано, младолико и убаво, а јасно е зошто се трансформира во кралица на убавината со мала помош од шминкер.

Foto:Profimedia


Инаку, Пријанка минатата година проговори за тоа како дури во овие години се помирила со сите свои маани и дека дури сега се сака целосно, иако веќе две децении важи за една од најубавите жени на светот.

„Порано, секогаш чувствував притисок да изгледам на одреден начин. Целиот мој живот ме воспитуваа со нереални стандарди за убавина - сите ние сме. Растејќи верував дека сè мора да биде совршено, дека морам да бидам слаба и да носам одредена големина, за да бидам „испеглана“.

Во подкастот „VS Voices“, Чопра еднаш се присети на „темната фаза“ од нејзиниот живот откако во 30-тите се здебели неколку килограми, а потоа се соочи со остри критики.

„Ги јадев своите емоции. Телото почна да ми се менува, влегов во 30-тите. Поминав низ голема борба бидејќи на интернет добивав навреди како: „Изгледаш поинаку“, „старееш“ и многу други слични работи.  Очигледно, пораснав во индустрија каде што имав толку тесен поглед на формата на моето тело, каква е мојата фигура или какви се моите мерки. Во моите 20-ти, мислев дека тоа е нормално“, објасни оваа 40-годишна жена.


Фото: Инстаграм