Во бикини само 3 месеци по породувањето: Катарина Грујиќ го покажа рамниот стомак (ФОТО)

Пејачката Катарина Грујиќ направи вистински хаос на социјалните мрежи кога објави слика во костим за капење и го покажа извајано тело и рамен стомак само 3 месеци по породувањето.

Доби безброј комплиментите од нејзините обожаватели на социјалните мрежи поради тоа што многу брзо успеа да ја врати линијата што ја имаше пред бременоста.

- Во бременоста се здебелив некои 14 килограми, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што сакате да јадете, треба да јадете. Така правев и јас, но јас сум некој што сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам - изјави неодамна Катарина.

- Не се сеќавам кога последен пат сум пробала пица, тесто или брза храна. Сепак, не сакам ни слатки и јадам торта или чоколадо еднаш месечно. Во ред е да се прекине здравата исхрана еднаш на две недели, но не секој втор ден, бидејќи тогаш нема ефект! Никогаш не јадам доцна навечер, вечерам најдоцна до 21 часот - објасни таа.

Да потсетиме, пејачката реши малку да одмори и со саканиот заминаа во луксузен хотел во Дубаи, кој стана честа дестинација на многу нејзини колешки.

View this post on Instagram

A post shared by  (@katarinagrujic.doll)



Извор: grand.online