,

За кратко време си ја врати старата линија: Катарина Грујиќ се поправи 14 килограми во бременоста, а вака ги „стопи“

Добивај вести на Viber

Пејачката се враќа на својата работа по породувањето, па во разговор со медиумите, зборуваше и за својата фигура.

Во средината на декември 2021 година, пејачката Катарина Грујиќ стана мајка на девојче кое таа и нејзиниот избраник Марко Гобељиќ го крстија Катја.

Таа за медиумите раскажа како успеала да ослабе по бременоста и се пофали со тренинзите.


- Во бременоста се здебелив некои 14 килограми, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што сакате да јадете, треба да јадете. Така и јас, но сепак сум некој што сака да се храни здраво, па не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам - изјави Катарина.

Пејачката ги исфрлила сите намирници кои дебелеат и ја доведе линијата до совршенство.

- Не сум поборник за диети и изгладување, не би јадела само зелена салата цел ден, бидејќи лошо влијае на здравјето. Исфрлив брашно, шеќер и сол бидејќи ја задржува водата и ослабев на сосема здрав начин – додаде таа.

- Кога завршив во болница бидејќи не ми функционираше едниот бубрег, повторно се здебелив бидејќи водата почна да ми се таложи... Веднаш по излегувањето од болница се вратив на здрава, протеинска исхрана, според која јадам само месо и салата, и си ја вратив старата тежина.

Вклучував и тренинзи најмалку три пати неделно, како и масажи за отстранување на целулитот. Не сум приврзаник на ласери и одење под нож, но проблемите ги решавам само на природен начин - беше искрена пејачка.

- Не се сеќавам кога последен пат сум пробала пица, тесто или брза храна. Сепак, не сакам слатки и јадам торта или чоколадо еднаш месечно. Во ред е да се прекине здравата исхрана еднаш на две недели, но не секој втор ден, бидејќи тогаш нема ефект! Никогаш не јадам доцна навечер, вечерам најдоцна до 21 часот - објасни Кача.

Пејачката сега е подготвена за настапи и изјави дека се враќа на својата работа и дека веќе е доста ангажирана.

- Секогаш сум полна со енергија. Закажавме летна турнеја, па и Нова Година. Секако, Катја ми е на прво место - изјави Грујиќ.


извор:GLOSSY

Ќе ве разнежни: Првата заедничка фотографија на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ со ќерката Катја

Како никогаш да не била бремена: Кача Грујиќ изгледа неверојатно само 2 недели по породувањето