ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВА МЕСТО САМО КОГА НЕКОЈ ЌЕ ПОЧИНЕ: Ако сатурацијата е под 93, почнува да станува алармантно, предупредува пулмологот Балоски
Пулмологот д-р. Марјан Балоски од ГОБ „8 Септември“, во своето денешно гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 говореше за повеќе месечната пожртвуваност да се спаси секој живот, зошто како што рече, во оваа болничка установа, од самиот почеток се хоспитализираат пациентите со најтешка клиничка слика.
-Од самиот старт на епидемијата ние сме сме вклучени во оваа борба, интернистите го носат најголемиот товар. Во ГОБ „8 Септември“ на голем дел од пациентите им е потребна кислородна поддршка. Никој не ги сака респираторите, но кај пациентите кои доаѓаат со сатурација, 30, 40, здравственат состојба задолжително наложува да бидат интубирани и да стигнат до нормално ниво на сатурација. Тоа над 95, но ако сатурацијата е под 93, тогаш болните од ковид веднаш мора да побараат лекарска помош. Сега состојбата со болничките капацитети е до толку алармантна, што нема место ниту за нас лекарите. А никој не е поштеден од болеста, а ние се заразуваме со болеста работејќи. Изложени сме по неколку саати само на еден оддел, па се случува маската да се помести, и на тој начин се заразуваме, вели д-р. Балоски.
Тој праша, до кога ќе ја учиме лекцијата по најтешкиот пат, укажувајќи на тоа дека, неприфаќањето на обврската да се почитуваат мерките, освен што си го загросуваат сосптвеното здравје, ги загрозуваат животите на најблиските.
Повеќе информации за оваа тема, прочитајте на Фактор.мк