Во брак се 20 години, од првиот ден знаел дека таа е вистинската: Ова е Ангелија, сопругата и најголема поддршка на Саша Матиќ
Пејачот Саша Матиќ одржа спектакуларен концерт во Белград кога настапи во преполната Трг Република во пресрет на српската Нова година во Белград.
Тој собра голем број луѓе кои сакаа да се забавуваат со народна музика, а во публиката, во првите редови, беше неговиот најголем поддржувач и жената со која дели заеднички дом веќе дваесет години, неговата сопруга Ангелија.
Саша и Ангелија со години се во хармоничен брак од кој имаат две ќерки Тара и Александра, а тоа што Саша не гледа не влијае на тоа што сопругата го сака од срце.
Секогаш тука за него, таа му била голема потпора во животот и некој кој секогаш бил тука за него, а за тоа сведочи и бракот кој трае повеќе од две децении.
Иако се заедно толку долго, Саша ретко се појавува во јавност со сопругата, па немаме можност многу често да видиме како таа изгледа. Исто така, за приватниот живот не зборува често во јавноста, но се познати некои детали.
Љубовната приказна на Саша и Ангелија е крајно необична, а започнала кога Ангелија отишла на еден од настапите на Саша, каде се појавиле првите искри и оттогаш не се разделуваат. По кратка љубовна врска, тие во 2003 година решиле својата љубов да ја крунисаат со брак.
- Заеднички пријател ја спонзорираше нашата средба. Не запозна по концертот и од тој ден не се разделуваме – изјавил еднаш Матиќ за локалните медиуми.
Саша претходно им кажа на медиумите кога сфатил дека таа е жената за него.
- Во моментот кога ќе сфатите дека покрај себе првенствено имате пријател и некој на кој можете да се потпрете, кој ќе ве поддржи во вашите цели, тогаш знаете дека потрагата е завршена и дека ја имате вистинската личност покрај себе. Личност за цел живот - изјавил пејачот.
Фото: Приватна архива
Извор: Glossy.espreso.co.rs