Во друштво на Бекамови и Бела Хадид: Македонецот Златко Стојаноски ги обезбедува најголемите ѕвезди во Париз

Добивај вести на Viber

 „Бела Хадид во добро друштво“, напиша Американскиот моден магазин „Footwearnews“, во текстот за посетата на американскиот топ модел, помалата сестра на Џиџи Хадид на Модната недела во Париз. 

На фотографијата која ја објави магазинот, Бела излегува од хотелот во Париз, а доброто друштво е господинот кој ѝ е обезбедување, Македонецот Златко Стојаноски. Златко веќе неколку години живее во Париз, а освен Бела Хадид, има соработувано и со Дејвид Бекам, Џиџи Хадид, Викторија Бекам, Гвендолин Кристи... 

За Женски магазин, Златко раскажа како се остварил неговиот детски сон.

 „ Дружбата со славните светски личности е успех за секој поединец кој е посветен на својата кариера, посебно од нашата област. За да го постигнеш тоа како и секоја работа треба да се даде саможртва, голема посветеност и секако најголема самодоверба. Почнувајќи од мали нозе со обезбедувањето, посакував да работам како бодигард во светските метрополи. После 15 години работно искуство во нашата земја, сонот ми се оствари. Жртвата, непреспаните ноќи, извршување на работата до исцрпување на целата енергија, а најважно од сѐ мојата самодоверба ми помогнаа да го живеам својот сон во Париз.“, вели Стојаноски. 

Личностите од светскиот шоу бизнис не се единствените во чие друштво бил Златко.

 - Бела Хадид, Дејвид Бекам, Џиџи Хадид, Викторија Бекам, Гвендолин Кристи, фудбалерите на француската репрезентација, светски политичари и бизнисмени се само дел од големата палета на познати личности со кои сум соработувал“, ни раскажа Стојаноски и откри кој му оставил најдобар впечаток.

 - Од сите досега што сум соработувал, најголем впечаток, како најприродни и најатрактивни ми оставија Бела Хадид и Дејвид Бекам. Нивната природност, приступачност, со мали, а некогаш и со големи побарување, те прави горд што чекориш покрај нив. Дружбата со нив, со ѕвездите, со најдобрите и најславните ти дава мотивација да продолжиш напред кон остварување на нови цели и предизвици во Париз“, открива нашиот соговорник. 

 Париз- градот на светлината, за него е град на безброј можности и небо без граници, градот каде што секој упорен човек и човек со зацртани цели, може да си го најде своето место под ѕвезденото небо. 

М.Џаровска