Во еден од своите познати говори, Мартин Лутер Кинг кажал „Можеби сите сме дојдени со различни бродови, но сега сме во ист чамец“.
Многу е јасно, колку е пресудна и важна нашата еколошка свест и колку е важна акцијата на секој поединец особено денес, во време на евидентно глобално затоплувањеи и се поизразени климатски промени.
Од година во година, во атмосверата емитираме јаглен диоксид, повеќе отколку што можат да апсорбираат наште шуми и океани. Се повеќе ги исцрпуваме природните ресурси, се повеќе неплански се сечат дрвата и тоа побрзо отколку истите може да се обноват и депонираме огромни количини на отпад. Последиците се: незапамтени топлотни бранови, ерозии, клизишта, суши и големи шумски пожари ширум светот што покажува колку ние како популација сме ćе повеќе и повеќе неодговорни кон планетата Земја и ние тоа мораме да го спречиме. Заштитата на животната средина претставува глобална акција за сите.
Ние како фармацевтска компанија, раководени од нашата определба за долгорочно одржливо делување, постојано изнаоѓаме начини за ублажување на влијанието врз животната средина. Се трудиме да изнајдеме решенија за поефикасно користење на природните ресурси, редовно да ги контролираме аспектите кои се важни за животната средина, а тоа се емисиите во воздухот, отпадната технолошка вода и нивото на бучава и истите да ги одржуваме под законскиот максимум.
Успешно продолжуваме да управуваме со отпадот како аспект, раководејки се според принципот на 3 „R “(Reduce - Редуцирај, Reuse - Реупотреби, Resicle – Рециклирај), а јас би додала уште едно „Р“ - Реагирај. Се насочуваме кон супституција на материјалите со материјали кои се со помало влијание кон животната средина, онолку колку што ни дозволува дејноста и ја подржуваме и потикнуваме Циркуларната економија особено во делот на пластичните материјали. Циркуларната економија воглавном е скап процес, но треба да се запрашаме колку ќе биде скапо за сите нас доколку не ја практикуваме.
За да ги намалиме емисиите на СО2 инвестиравме 43 милиони денари во фотоволтаична (соларна) централа, со инсталирана моќност од 948.29 kWp, со што голем дел од потрошувачката на електрична енергија ја заменивме со обновлива, сончева енергија. Исто така, постојано се трудиме да ја намалиме потрошувачката на чиста вода за пиење, преку редовни промени на застарената водоводна инсталација и воведување мерки за нејзина порационална употреба. Бучавата ја решаваме на тој начин што имаме поставено заштитни звучни бариери на изворите на бучава.
Со одговорно и транспарентно работење како компанија, продолжуваме да се фокусираме на постигнување на нашите цели за заштита на животната средина и успешно спроведување на нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, во секој сегмент од нашето работење.
Анета Спасиќ
Супервизор за Заштита на животна средина и управување со отпад
Реплек