Во Халкбанк секоја трансакција е важна, откријте како најдобро да ги искористите бонус поените

Добивај вести на Viber

Пазарувањето некогаш е обврска, а некогаш претставува задоволство. Но, и во едниот и во другиот случај значи трошење средства. Сепак, постои можост за одредени купувања што ги правите да добиете поврат на средства во вид на бонус поени кои можете да ги искористите за некои идни плаќања. Токму тоа го овозможува програмата за бонус поени на Халкбанк АД Скопје која што е наменета за сите корисници на Мастеркард и Виза кредитни картички издадени од банката и може да биде одличен начин да заработите од купувањата што секојдневно ги реализирате.

Бонус поени можете, на пример да заработите доколку купувате лекови, козметички средства и сé друго што се продава во аптеките. Бонус поени се добиваат и  доколку точите гориво во вашиот автомобил во текот на викендот или ако плаќате осигурување за вашето возило, за домот или купувате патничко осигурување. Поени на вaшата картича ќе „легнат“ и ако пазарувате во некој од брендовите кои се вклучени во бунус прогамата на Халкбанк. Или, пак, ако онлајн плаќате сметки за вода, нарачувате храна или купувате различни производи од домашни онлајн продавници и притоа ја користите кредитната каричка од Халкбанк. За секоја од овие трансакции можете да добиете бонус поени.

А бидејќи бонус поените се вредносно еднакви на пари, односно 1 поен=1денар истите можете веднаш да ги искористите во најблиското продажно место каде постои ПОС терминл на Халкбанк. Со едноставно вметнување на картичката во терминалот, се користи опцијата – искористи бонус поени, се наведува сумата на поени која сакате да ја искористите и плаќањето ќе биде реализирано откако ќе ја потврдите трансакцијата со вашиот ПИН код. 

Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов се активни повеќе бонуспрограми. На пример,  со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на ПОС терминал на Халкбанк на бензинските станици во време на викенд (од петок 16:00 часот до недела 00:00 часот) добивате 3% бонус поени од секоја трансакција. При вршење на набавки со кредитни картички на Халкбанк во аптеките во земјата на ПОС  терминали на Халкбанк добивате исто така 3% бонус поени. Иста висина на бонус поени се добива и при онлајн пазарување кај над 300 е-трговци, додека доколку плаќате за било која осигурителна полиса издадена од Халк Осигурување, бонусот изнесува 5% од осигурената сума. Бонус програми има и за низа продавници за козметика, облека, спортска опрема, играчки, производи за домаќинство, здрава храна и други, во кои што при пазарување со кредитните картички на Халкбанк се пресметува одреден процент на бонус поени.

Во моментов сé уште активна е и кампањата која банката ја подготви за Денот на вљубнитесо која што, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка во парфимерии каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, добивате 5% бонус поени и истата е активна до 10.03.2024 год.

Затоа проверете ја листата на активни бонус програми на Халкбанк, користете ја својата кредитна картичка при плаќањата и освојте дополнителни средства. Пазарувањето ќе ви се исплати!

Листата на активни кампањи и продажните места што се вклучени во кампањите можете да ги проверите тука.

ПР објава