ВО ЈАВНОСТА НАЈГЛАСНИ ТРЕБА ДА СЕ ПУЛМОЛОЗИТЕ И ХЕМАТОЛОЗИТЕ-КОВИД Е БОЛЕСТ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И КРВТА: Д-р Беќаровски цени дека дел од лекарите се себични
Сите доктори во земјава целосно се преокупирани со епидемијата на ковид-19, се разбира секој опд својата област, но дел од здравствените работници се малку себични кога станува збор за гласно споделување на информациите, смета професорот Нико Беќаровски, кој од почетокот на епидемијата во Македонија е еден од најгласните и често се појавува во медиумите, а утринава гостуваше во Утрински брифинг.
-Тие кои не требаше да се симнат од телевизиските екрани се прво пулмолозите, пред се поради фактот што ковидот го зафаќа респираторниот тракт, а освен еден-двајца пулмолози никој друг не кажа ништо, а ги има многу повеќе. Исто така, каде се хематолозите. Ковид е болест и на згрутчување на крвта, но јас не видов ниту еден да излезе и јавно да каже нешшто околу ова. Можеби е така поради страв, поради фактот што се соочивме со нешно непознато. Многу пати ние лекарите кажавме едно, но излезе поинаку, но сепак сметам дека треба поголема присутност во јавноста. За цел овој период само 5-6 ликови се појавуваме, рече д-р Бежаровски.