Во ЈУЛИ: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта
Љубовниот хороскоп за јули 2022 година најавува
посебна среќа за 3 знаци во овој месец!
Топлото лето јули го дочекавме во соѕвездието Рак, така што месечниот хороскоп опишува фокусирање на семејството и корените. Најголемата планета, Јупитер, овој месец го започнува својот ретрограден тек и не насочува кон внатрешните потреби и искуства. Заедно со него, Големиот тригон најавува зајакнување на интуицијата, а токму овој јули ќе донесе посебна среќа и љубов.
Бик
Ова ќе биде незаборавен месец за вас. На 5-ти јули Марс влегува во вашиот знак и ќе запали оган во вас. Имате недели и недели пред вас во кои ќе се чувствувате полни со страст. Оваа планета ќе активира и други аспекти, па може да се очекуваат многу новитети во вашиот живот. Моќното распоредување на планетите ќе отстрани сè што ви пречи на иднината, отворајќи многу простор за нова љубов и среќа. Бидете подготвени за ново поглавје каде судбината ви носи само добро. Ова е она што го чекавте долго време.
Рак
Среќен роденден и започнете да славите, додека Сонцето свети низ вашиот знак до 22 јули. Тоа не е единствената причина за успех и среќа, а другите аспекти се на ваша страна. Можни проблеми во важна врска што ви се закануваат во моментот на полна месечина ќе исчезнат благодарение на големата тројка на Меркур и Нептун на 17 јули. Дури и кога Венера ќе влезе во вашиот знак на 18 јули, никој нема да биде попривлечен од вас! До крајот на јули можете да постигнете се‘, па дури и да пронајдете нова љубов.
Водолија
Од почетокот на јули флертот ве следи од сите страни, а до средината на август можете дури и да ја доведете вашата нова љубов на ново ниво. Непрекинато ќе ви се отвораат шанси, запознавате нови луѓе, започнувате нови проекти. Посебно внимание посветете на средбите кои ќе се одржат по 24 јули. Ве очекуваат многу вредни познанства.
Фото: unsplash
Извор: еспресо
Овие парови ги чека раскинување во ЈУЛИ: Три хороскопски знаци ги чека тежок период за љубовта