Во кабина влез на максимум четири лица: По година и половина неработење, идната недела се пушта Жичницата на Водно

По повеќе од година и половина неработење, Жичницата на Водно ќе профункционира на средината на идната недела.

Оваа информација ја даваат од ЈСП Скопје. Од ова јавно претпријатие изјавиле дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспкет, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичарницата во услови на ковид-19.

„Согласно протоколот за користење на Жичарницата во услови на ковид-19, меѓудругото, предвидено е: во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, патниците да носат заштитна маска, три пати во текот на денот да се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините“, објаснуваат од ЈСП „Скопје“.

Инаку, жичницата престана да работи на 15.03.2020 година, како една од мерките за заштита од ковид- 19.

Извор: Фактор.мк