Во кафулињата седат и невакцинирани, но само во помалите и полупразните

Добивај вести на Viber

Популарните кафулиња во центарот на Скопје и денеска работат навидум вообичаено. За некои од нив е вообичаено да немаат гости претпладне, додека други беа полупразни, па можеше и невакцинирани лица да се напијат кафе на почетокот од новата работна недела.

Од денес, во земјава, се бара потврда за вакцинација или прележан ковид-19 за да отидете во угостителски објекти, концерти или натпревари. Според одлуката на владата во Скопје, поради забрзаното ширење на вирусот, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе мора да имаат потврда за најмалку една примена доза вакцина.

- Во моментов имаме 20-тина гости и не правиме се уште проверки, но ако бројката надмине 30 јас сум подготвена да им се извинам на следните што ќе сакаат да не посетат, ни рече келнерката од еден популарен кафе-бар од Улица Македонија, која рече дека и е одредено да ја извршува „редарската служба“, односно да ги проверува сертификатите на клиентите.


Целиот текст читајте го на Фактор тука.