Во колку часот децата треба да одат на спиење?

Добивај вести на Viber

Педијатриско истражување, објавено во магазинот „Women’s Day“, покажува дека идеално време за легнување во кревет за децата е од 18 до 21 часот.

Децата на возраст од 7 до 11 години, кои си легнувале еден час порано пет дена во неделата, биле многу повнимателни и помирни.

Од друга страна, 18-месечните деца покажаа многу подобри моторички функции и говор кога оделе на спиење пред 22 часот.

Педијатарот Мелинда Венер Мојер, тврди дека најдобриот начин да дознаете кое време е идеално за вашето дете да го испратите на спиење е да го пратите на спиење 20 минути порано од обично и да видите што ќе се случи.

Ако веднаш заспие, веројатно нема проблем со тоа и порано да оди во кревет.

Возраста, распоредот и училиштето влијаат на тоа колкава количина на сон им е потребна.