Во мемоарите ќе го има ова: Расплакана, бремена и со бебе во прегратка- Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс ќе ви го скрши срцето

Добивај вести на Viber

Една од најчесто објавуваните фотографии од периодот кога поп принцезата минуваше низ многу тежок период е онаа каде Бритни седи во ресторан и плаче.

Од моментот кога стана позната личност, Бритни Спирс секогаш имаше папараци во нејзина близина - згора на тоа, многу, мноогу папараци. Тие влијаеле и управувале со нејзиниот живот дури и повеќе отколку што самата можела да замисли во тие денови, а сето тоа кулминира една вечер во 2007 година, кога пејачката ја избричи главата и нападна фотограф со чадор.

Со години ѝ го правеа животот мизерен и ја фотографираа во бројни животни ситуации, а нејзините солзи во Њујорк во 2006-та година сè уште се паметат.

Во тие денови Бритни Спирс престојуваше во хотелот „Риц Карлтон“ и секој ден ја придружуваа дури триста папараци. Пејачката во тоа време беше бремена и се грижеше за нејзиниот осуммесечен син Шон Престон и не ѝ беше до слава и фотографирање, а насловите што ја следеа секоја приказна за неа беа многу непријатни и пресудни. Медиумите анализираа како Спирс го држи своето дете, како оди додека го носи, дали и како го врзала во автомобилот, дали е добра мајка...

Затоа не е изненадувачки што беше овековечен моментот кога пејачката се сопна додека носеше дете во едната рака и чаша во другата рака. Телохранителот ѝ помогнал момчето да не падне, а папараците овој момент го дочекаа лесно. После тоа, Бритни отишла во продавница за играчки, а потоа во блискиот ресторан, каде што седнала, нарачала пијалок со насмевка и - се расплакала. 

Папараците го сликаа и овој момент.

После тоа, пејачката отишла во ве-це и ја поправила шминката, а потоа го напуштила ресторанот.

Во следните години се појави гласина дека сопственикот на ресторанот ѝ рекол да влезе во објектот за да се скрие од папараците, а потоа дозволил папараците да ја фотографираат, но тоа никогаш не било потврдено.

Инаку, Мемоарите на Бритни Спирс „The Woman In Me“ ќе бидат адаптирани во филм.

Universal Pictures ги доби правата за книгата на аукција помалку од една година откако книгата се појави на полиците. Во проектот беа вклучени режисерот Џон М. Чу и продуцентот Марк Плат, пишува Variety.

Спирс подоцна ја потврди веста на социјалните мрежи.

„Возбудена сум што можам да споделам со моите обожаватели дека работам на таен проект со Марк Плат. Тој секогаш ги правеше моите омилени филмови… останете во тек.

„Жената во мене“ беше огромен успех по објавувањето и продаде над 2,5 милиони копии само во САД, надминувајќи еден милион копии ширум светот во првата недела.

Книгата содржеше голем број значајни откритија во нејзината искрена дискусија за нејзината кариера, врски и лични искуства. Една од најзначајните беше тоа што таа имаше абортус додека се состануваше со Џастин Тимберлејк помеѓу 1998 и 2002 година, пишува NME.