Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин
Почитувани читатели,
Во недела (20 Октомври) реномираниот портал Женски магазин, овозможено од Фактор.мк воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење.
Имено, стартувајќи од недела, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Кажи шифра“, одбран токму во духот на определба на нашиот медиум, односно доминантно животни теми, шоу бизнис, мода и забава. „Декодирање на нивните животни шифри“
Водител на подкастот ќе биде Небојша Толески, актуелниот уредник на Женски магазин, новинар и моден дизајнер кој е меѓу единствените на овие простри кој направи интервјуа со холивудската легенда Елизабет Тејлор, светските модните дизајнери Вивиен Вествуд, Роберто Кавали, Жан Пол Готје, супермоделите Кејт Мос и Коко Роша... како и многу други наши и странски познати личности.
Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на шоу бизнисот, модата, општественото живеење, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува.
Прва гостинка е тв. презентерката Татјана Стојановска (Китановска), една од најубавите жени кај нас, крунисана и со титула, дама со префинети манири и пример за водење на вести.
Почитувани читатели, да се подготвиме за едно малку поинакво новинарско патување со подкастот „Кажи шифра“.
Еве краток дел од она што ќе имате прилика да го гледате: