Во организација на dm дрогерие маркт во Скопје и Охрид се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи: На пет различни настани беа прегледани речиси 550 лица

Добивај вести на Viber

Компанијата dm дрогерие маркт во текот на месец јуни спроведе кампања за бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид, која траеше вкупно пет дена. Прегледите беа спроведени во соработка со Д-р Елизабета Ризова и Д-р Радмила Ончева - Специјалисти по дерматовенерологија и беа насочени кон рано откривање на сомнителни промени на кожата, конкретно на бенките на кожата, но имаа и за цел да се информира јавноста за соодветна заштита од сонце, адекватна употреба на заштитни производи и важноста на превенцијата за нашето здравје.

Во текот на кампањата беа извршени речиси 550 дерматолошки прегледи, а според статистиките на прегледани, 30% биле упатени на подетални испитувања заради специфичноста на утврдените промени на кожата и бенките, додека пак 20% од биле упатени на хируршко отстранување на бенки. Кај повеќе од дваесетина прегледани се забележани специфични промени, кои заради сомнеж од меланом се упатени на задолжителни понатамошни детални испитувања.

Загрижува фактот дека на светско ниво е во пораст бројот на малигниот меланом ММ, со околу 325.000 нови случаи во 2020 година. Ова не бира ниту возраст ниту пол и е сѐ почест кај младата популација. Затоа советуваме еднаш годишно секој да направи скрининг односно дермоскопски преглед на бенките. Со тоа би се открила каква било рана промена на бенката и доколку е таа сомнителна за ММ би се интервенирало оперативно и би се спасил животот на пациентот. Колку е порано отстранет ММ толку е поголема шансата да се спаси живот - вели Д-р Радмила Ончева. Таа, исто така вели дека постојат неколку карактеристики кои треба да се следат кај бенките, односно т.н. „ABCDE-правило“:

  • Asymmetry (aсиметријa) - едната страна на бенката битно се разликува од другата
  • Border (граници) - неправилни како изгрицкани рабови
  • Colour (боја) - присуство на повеќе различни бои / кафена, сина , црна, бела, црвена
  • Diameter (дијаметар) - дијаметар поголем од 6 мм
  • Evolution (развој) - после некој временски период бенката покажува промена во формата, големината, бојата.

Доколку се забележи каква било промена од горенаведените се препорачува посета на дерматолог.

Бројките и од овие дерматолошки прегледи особено ја истакнуваат важноста од редовно следење на состојбите на кожата и навремено реагирање на какви било промени, а токму развивањето на јавната свест за ова е и целта на компанијата dm.

„Години наназад работиме на тоа да ја запознаеме јавноста со важноста на здравствената заштита и клучната улога на превентивните прегледи. Одзивот на граѓаните на бесплатните дерматолошки прегледи оваа година беше навистина одличен и горди сме што поттикнавме речиси 550 луѓе да донесат добра одлука и да го направат својот редовен преглед токму тука. Веруваме дека сите ќе продолжат да ги следат советите што ги добиле од дерматологот при прегледот и се надеваме дека резултатите од оваа иницијатива ќе поттикнат голем број луѓе да направат важен чекор во зачувување на своето здравје и да извршат превентивни прегледи, а ние како компанија и понатаму ќе продолжиме со нашата посветена работа за поддршка на заедницата и развивање на свеста за важноста на здравствената заштита“ – изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.

Оваа кампања е само еден од многуте чекори што dm ги презема за да го поддржи здравјето на граѓаните и активно да придонесе за нивниот подобар живот. Бесплатните дерматолошки прегледи во организација на dm прв пат се одржаа минатата година во Охрид, а оваа година беа одржани во 5 различни дена, 3 во Скопје, во Парк-шумата „Гази Баба“ и Градскиот парк во Скопје, како и на плажата Куба Либре во Охрид.

Ја поздравуваме оваа прекрасна иницијатива на dm, која го актуализира овој глобален проблем што нѐ засега сите нас. Огромно е задоволството што сме дел од оваа активност, особено поради големиот број прегледани пациенти, споделени информации, новооткриени сомнителни случаи и дадени совети за нивно решавање. Она што е навистина за поздравување е фактот што голем број на прегледани лица во Скопје и Охрид се лица со светол тен и светли очи, односно онаа група на луѓе кај која постои поголем ризик од кожни заболувања, што укажува на тоа дека активностите за подигнување на свеста кај нашите сограѓани вродуваат со плод. “ - изјавија - Д-р Елизабета Ризова и Д-р Радмила Ончева - Специјалисти по Дерматовенерологија по повод бесплатните дерматолошки прегледи на dm.

пр објава