Во петок e последната Супермесечина во годината: За 4 знаци од хороскопот следува судбински пресврт

Оваа полна месечина ќе биде таканаречена Супермесечина, односно ќе биде поголема и посветла од просечната и се случува три до четири пати годишно.

Во петок, на 29 септември, небото ќе биде осветлено од полната месечина во Овен, што ќе донесе наплив на нова енергија, зовриена страст и амбиција. Додека сезоната на Вага носи одредена бавност во реакциите, енергијата на Овенот е за активно туркање на вашите цели и амбиции. Управувана од Марс, оваа полна месечина им кажува на сите да се залагаат за она што го сакаат и да не бидат претерано загрижени за мислењата и ставовите на другите.

Оваа полна месечина ќе биде таканаречена Супермесечина, односно ќе биде поголема и посветла од просечната, а се случува три до четири пати годишно. Ова е последната Супермесечина во тековната 2023 година и најмногу ќе ги погоди Овенот, Ракот, Вагата и Јарецот. 

Еве што може да очекувате во наредните денови доколку припаѓате на еден од овие четири хороскопски знаци:

ОВЕН

Во наредниот период вашите врски ќе ви бидат главен приоритет, но не заборавајте да посветите малку внимание на себе. Одвојте малку време за себе, сите други можат да чекаат! Посветете се на долго посакуваната цел или сон - сега има добри шанси да се оствари, особено затоа што сте исполнети со добра енергија и амбиции. Покажете му на светот дека сте подготвени да победите. Стиснете заби и прекинете ги токсичните врски во вашиот живот или најдете начин да бидете дипломатски и да ги решавате конфликтите со нив без да ја уништите врската.

РАК

Победата е близу, Ракови, а моќта е во ваши раце! Оваа полна месечина би можела да означи кулминација на некои настани или голема пресвртница во вашите животи, особено во областа на кариерата или приватниот бизнис. Можно е на хоризонтот да е нова подобра деловна понуда или големо покачување. Не штедете се во наредниот период, преземете лидерство и иницијатива на работа и секој труд ќе ви се исплати.


Следна страна