Во просториите на Скопје Сити Мол ќе се одржи редовна вежба за евакуација
На ден 18.12.2019 среда во 07:30 часот, во просториите на Скопје Сити Мол, согласно законските обврски и правилникот за работа на трговскиот центар, ќе се одржи редовна вежба за евакуација.
Целта на оваа интерна активност во форма на евакуација, е да се тестира системот за заштита и спасување на трговскиот центар. Вежбата за евакуирање ќе биде изведена под надзор на Кризниот штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.
Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА и евакуација на сите присутни вработени во локалите во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.
Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за чистење СЕРТА, како и Министерство за внатрешни работи, Бригадата против пожарна единица на Град Скопје и службата за итна помош.