„Во Скопје доаѓам да ви поправам душите, и да ви ги излечам срцата“: Марија Шерифовиќ пред концертот во метрополата

Добивај вести на Viber

Бев нервозна, не ми се пееше тој ден, но кога се качив на сцена, и кога ја видов публиката, енергијата и љубовта, сфатив дека морам да дадам се од себе да ѝм возвратам. Вака се сеќава Марија Шерифовиќ на последниот концерт во Скопје во 2018 година, а одлична забава публиката во Скопје од неа очекува и на 2 ноември.

Српската пејачка денеска на прес конференција со новинарите официјално го најави концертот во „Борис Трајковски“ кој е дел од нејзината турнеја „Доаѓа љубов“ - (Долази љубав) кој почна во март годинава, а ќе заврши во март следната година.

Искрена, отворена и со шеги Марија Шерифовиќ денеска одговораше на прашањата на новинарите.


Дојдена доцна вечерта од патување, болна и на инјекции, пејачката сподели што очекуваа таа, но и што да очекуваат нејзините обожуватели следниот викенд.

„Си ја сакам публиката, и кога таа ми блиску од партерот, не сакам кога сум далеку. На сцената сум 20 години и секогаш се трудам на секој концерт да запаметам барем по еден лик, една насмевка, за коишто ќе можам да раскажувам кога ќе остарам“, ни раскажа пејачката ветувајќи дека ќе инсистира партерот да биде што поблиску до бината, за да може да има директен контакт со фановите.

„Во Скопје доаѓам со мојот бенд, за да им ги поправам душите, да им го излечам срцето и да им подарам најдобар концерт на оние кои ќе дојдат во салата Борис Трајковски“, рече Марија, додавајќи дека не знае што би можела да очекува публиката.

Горда што е своја и поразлична, на сцената во Скопје кажа дека освен добро познатите стари хитови, ќе се најдат и песните од новиот албум, на кој се чекаше цели 10 години, а дали ќе има гости и кој засега не се знае.

Сите мои колеги кои би ги поканила, се работни, работат. Се уште работиме на тоа да договориме некој гостин, па ќе видиме-кажа Марија.