ЕПП // ЕПП
Во Скопје се трча во сите годишни времиња – Денес започнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
По огромниот успех на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон и рекордниот број на пријавени учесници за стартната цел, денес од Сојузот на спортови на Скопје го најавија следниот тркачки предизвик. Трката која минатата година ги забележа своите почетоци, годинава ја продолжува приказна низ скопските улици.
Денес, 13 јуни 2018, во 12.00 часот се отвори пријавувањето за овој спортски настан. За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите 2 дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, 10КМ трката и штафетната трка од 2х5КМ кои започнуваат од 09.00 часот, а истите ќе се одржат во недела, 07 октомври 2018 година, повторно на бул. Илинден.
Главен покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт на Република Македонија, а како покровител оваа година се приклучува и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб Работнички. Самите организатори ја започнаа оваа приказна минатата година и исто како и Виз Ер скопски маратон, работат кон тоа трката да стане традиционална со цел да се негува спортскиот начин на живеење преку целата година.
За повеќе информации околу приказната на Скопје трча 10КМ може да се посетат официјалната Фејсбук фан страна и веб страна на: http://www.skopje.run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.
Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и на www.smartrace.club. Побрзајте и одберете го вашето среќно бројче.
Организаторите годинава очекуваат голем број на пријавени учесници, па затоа ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават како учесници. Стартувајте ја есента со нова приказната исполнета со спортски дух.