„Во спалната влезе голем бран, се вртев во вода, ме удираа ѕидови, шкафови, сè се рушеше над мене“: Ламија од Босна раскажува како ја преживеа поплавата
Ламија ја преживеа поплавата во Босна и Херцеговина. Таа пред камера сведочи за како успеала да се спаси од големата вода која надошла во нивната куќа. Ламија преживеала вистински пекол и има голема среќа што денес е жива.
„Одеднаш во спалната соба навлезе огромен бран вода, со што не поклопи. Во тој момент се вртевме во водата … јас чувствував дека се вртам во водата. Ме удираа ѕидови, едноставно куќата се сруши над мене. Шкафовите, сè се рушеше над мене. Само се надевав во Господ и го замолив Господ, ги изговорив зборовите „Ла илахе иллаллах“. И тогаш, во тој момент кога го изговорив тоа, удрив силно со раката горе, и тогаш се отвори нешто над мене. Од десната страна видов огромен лим и некако успеав да се качам и да се спасам од новиот бран кој удри во куќата. Почекав неколку минути, додека помине, се свртев околу мене, немаше ништо, само мрак“, раскажува емотивно Ламија.
На видеото девојчето е со види последици од преживеаната траума, со повреди на лицето, очите и рацете.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Hayat.ba