ВО ТРИЈАЖНИОТ ЦЕНТАР ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ И ПО 40 ПРЕГЛЕДИ ДНЕВНО: Сите се позитивни на ковид, директорот Костов за Фактор

Добивај вести на Viber

Амбулантата во Ковид-тријажниот центар во ГОБ „8 Септември“ која работ 24 часа дневно се прават и по 40 прегледи. Директорот на болницата, д-р. Христијан Костов за фактор изјави дека во последниов период сите кои се таму прегледани се позитивни на короона вирусот, по што во зависност од клиничката слика на пациентите или гио хоспитализираат кај нив или пак ги препраќаат на Клиниката за инфективни болести.

-Претходно во Тријажниот центар доаѓаа и суспектни пациенти на Ковид-19, но сега повеќе не е случај. Сите кои се прегледани се позитивни на вирусот, а дневно имаме и по 40 пациенти. Оние кои се навистина со многу тешка слика на болеста, со многу ниска сатурација, веднаш ги хоспитализираме во ГОБ „8 Септември“. Во самиот Тријажен центар секогаш чуваме дв-три кревети слободни за тие пациенти кои не се во состојба да ги транспортираме до Инфективната клиника. Оние пак, кои имаат не толку тешка, би рекол средна клиничка слика, веднаш ги препраќаме, односно ги транспортираме на Инфективна, вели д-р. Костов.

Повеќе информации за темата прочитајте на Фактор.мк