Во Врање одат не само на шопинг, туку и за здравствени услуги: Кумановци прават прегледи во овој српски град
Кумановци во Врање одат не само на шопинг и за прошетка, туку и за посета на лекар. Во групите на социјалните мрежи често се советуваат дека прегледи за магнетна резонанца можат да се направат во Врање во Србија. Според нивните кажувања, поради хаосот во нашето здравство, не им е проблем да одат во Врање и брзо да завршат работа.
Наместо да одат во Скопје, дел одбираат да одат и да направат преглед во Врање. Последниве две години има голем број кумановци кои биле во Врање поради здравствени услуги. Oние кои oделе во Врање велат дека иако тој спаѓа во помалите српски градови, сепак има избор на ординации каде можат да се направат потребните прегледи. Дополнително, објаснуваат дека цената за преглед приватно овде и во Србија ги чини скоро исто.
Повеќе за информацијата на Фактор.