Во заносна комбинација: Елена Ристеска прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” во Србија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска се закити со уште една награда како признание за нејзината 19-годишна музичка кариера.

Откако пред еден месец ја доби наградата „Најдобар македонски уметник“ од церемонијата 'Best of Rumeli 2021' која се одржува во Турција, денес пејачката сподели дека синоќа добила уште една награда и тоа  во Србија, за „Личност на годината во светот на поп музиката”. Ристеска истакна дека ѝ е жал што кај нас повеќе не постојат меродавни манифестации од овој вид, но сепак е среќна што ја претставува Македонија во најдобро светло насекаде низ светот.

За овој свечен настан пејачката одбра супер ефективен фустан во црно бела комбинација во кој зрачеше со елеганција.

Сузана Манчиќ ѝ правеше интервју, а Елена ѝ се заблагодари нејзе, како и на своите стилисти и организаторите.

„Вчера бев прогласена за “Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.
Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19години музичка кариера. За жал, во мојата земја се’ помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство , тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.
И секако на сите наградени им подаривме подароци од мојот козметички бренд @era_cosmetics. Новата ера во козметиката допрва доаѓа. Приказната за ЕРА козметика се шири и подалеку од Македонија.
Благодарам и на прекрасниот Бојан Маровиќ за дружбата, тој е мој брат, а не колега или другар. И благодарам за убавото интервју на Сузана Манчиќ - напиша Елена и сподели албум со фотографии и видеа од настанот на кој се фатила и за микрофонот и запеала за сите.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)