Водич како да се омажите богато: Правилата од 1964 година ги запалија мрежите - Еве како дамите ги освојуваа срцата на милионерите
Списанието Frederick's of Hollywood своевремено објави
„Водич за брак со богаташ“,
кој сега повторно го најде својот пат до светската јавност и предизвика општ
хаос на социјалните мрежи ширум светот.
Бидејќи пластичната хирургија во тоа време не била популарна, одредени помагала како „потпунки за градник“, „push-up градник“ и „сунѓери за задник“ биле одговорни за добриот изглед на секоја жена која сакала да се омажи.
Потпунки за градници
Идејата зад овој градник е градите да изгледаат подигнати и цврсти како да „стојат на полица“ што треба да ја разгори фантазијата на секој маж кој ќе ве погледне.
Градник push-up
Денеска постои тенденција за зголемување на градите преку разни естетски операции, но во 1964 тоа не беше опција, па имаше поинакво решение. Тоа беше „push-up градник“ поради кој градите на жената што го носеше визуелно изгледаа поголеми. Овие градници доаѓаа во различни форми, па имаше и такви со прерамки кои се лепеа за телото, обични push-up градници и градници за гол грб.
Сунѓери за задник
За жените да се „омажат за милионер“, треба да користат сунѓери за да го зголемат задникот. - Тоа додава облини... и тоа на вистинските места! Ако ви треба помош, добијте ја уште денес - стои во водичот.
Корсетите се користеле за да се постигне ефект на „мал струк“
Во коментарите жените истакнаа дека долната облека на овој бренд е „безвременска“ и дека ја сакаат и денес, како и дека „стариот Холивуд“ е толку заводлив. Иако, некој иронично истакна дека сето ова изгледа многу „удобно“.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: unsplash
Извор: курир