Водителката Ана Михајловски: Никој нема да ја избрише траумата на моите деца, но ова мора да биде предупредување
Водителката и нејзините ќерки не можат да си дојдат при себе по оваа загуба...
Водителката Ана Михајловски вчера доживеа несакана случка кога нејзините ќерки со кучето ја преминувале улицата во Земун.
„На пешачкиот премин на улицата Караџорџева во Земун застанаа возила да ги пуштат децата да поминат. Приближно на две третини од пешачкиот премин, возач на сива „Дачија Сандеро“ од другата насока „летајќи“ помина покрај децата на сред пешачки премин и ни го прегази кучето кое веднаш почина. Потоа додаде гас и побегна од местото на настанот. Ќерките беа во шок. Очевидци веднаш дојдоа да помогнат, некои возачи излегоа надвор, маж со мотор се обиде да ја стигне "Дачијата сандеро" “, рече Ана и додаде дека ушто пошокантно за неа било тоа што го изјавиле полицајците:
„Полицаецот ни рече дека кучето е предмет! Тој додаде дека станува збор само за прекршок и дека полицијата нема да бара снимки од околните локали. Тоа куче беше член на нашето семејство. На крајот на краиштата, ако кучето е предмет, што се децата кои за малку не ги повреди, чиста среќа “, прашува шокираната водителка, која веднаш го пријавила случајот во полиција.
„Никој нема да ја избрише траумата на моите деца, но ова мора да биде предупредување за сите што брзаат преку пешачките премини, да застанат, затоа што многу луѓе страдаат поради таа небрежност. Можеби оваа наша приказна ќе ги направи свесни“, заклучува Ана, истрауматизирана од целата ситуација.
извор:GLOSSY