Водителката Милена за Драган Вучиќ: Си рековме дека ќе се видиме кога ќе заврши короната

Добивај вести на Viber

По тажната вест за смртта на Драган Вучиќ, добро познатиот музичар и водител, познатите се простуваат од него. 
Водителката Милена Антовска Станковска, сподели емотивен статус на Фејсбук за нивната последна средба.

„Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната. Денеска со огромна болка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова. Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет. Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито...

Почивај во мир драг пријателе“ - напиша водителката