Volkswagen испиша историја: Електричниот I.D.R го сруши рекордот на Pikes Peak

Добивај вести на Viber

Легендарната трка Pikes Peak Hill Climb се одржува уште од далечната 1916 година, а Volkswagen се впиша во нејзината богата историја. Патеката која важи за вистински предизвик за сите љубители на автомобилизмот е долга 20 километри, а возачите од 2.000 метри висина се искачуваат до целта на висина од 4.300 метри.

Volkswagen во октомври минатата година соопшти дека развива електричен тркачки автомобил под името I.D. R Peaks Peak и истакна дека се надева дека ќе постави нов рекорд. Автомобилот беше претставен во март, а сега ја исполни својата цел која ги воодушеви автомобилските фанатици. Зад управувачот се најде Ромаин Думас кој патеката ја помина за помалку од осум минути, поточно, неговото време изнесуваше 7:57:148.


Електричните автомобили се одлични на Pikes Peak, немаат проблем со висината и пореткиот воздух за разлика од автомобилите кои користат фосилни горива. Одличниот автомобил на Volkswagen го сруши севкупниот рекорд кој го постави неколкукратниот рели шампион Себастијан Лоеб со Peugeot 208 T16 во 2013, кој измесуваше 8:13:878. Тоа е цели 16 секунди подобро време на Думас со Volkswagen I.D. R Pikers Peak. Легендарната трка која постои повеќе од 100 години и има 156 свијоци е предизвик за секој производител на автомобили поради големата репутација. Со овој рекорд Volkswagen само ја покажува насоката во која ќе се движи технологијата во иднина. Целта е да се биде што побрз, а да се направи што помалку штета врз средината во која што живееме.

„Неверојатно. Имавме големи очекувања но знаевме дека I.D. R Peaks Peak на Volkswagen е автомобил создаден за рушење рекорди. Се беше совршено, од технологијата до возачот. Исто така и времето имаше голема улога во сето ова. Се уште не можам да верувам дека Volkswagen и моето име се запишани со златни букви во историјата на оваа легендарна патека“, изјави Ромаин Думас.

„Ова е фантастичен ден за Volkswagen и ние сме многу горди. I.D. R Peaks Peak е најиновативен, но и комплексен автомобил некогаш развиен од Volkswagen Motorsport. Благодарам на сите што работеа на овој историски проект и покажаа неверојатен тимски