ВОЛШЕБНА НАПИВКА СТАНА СВЕТСКИ ХИТ: Се прави од 3 состојки а ќе ве спаси од многу проблеми
Нутриционисти ширум светот развиваат различни начини на виткост и здравје, а најновиот хит е напивка која ја нарекоа „ABC сок“.
Оваа напивка всушност е цеден сок од јаболко, цвекло и морков.
Едноставно се прави, а во прашање е силен детокс! Комбинацијата на овие два зеленчуци и едно овошје се препорачува во широка употреба на сите луѓе.
Јаболките се богати со витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, и К, фолатин, цинк, и други антиоксиданси и хранливи материи. Морковите исто така се извор на витамини, магнезиум, селен, бета каротен.
Цвеклото исто така е витаминска бомба во која е најзначајно присуството на ликопен.
Како што велат експертите, напивката е одлична за бубрезите, црниот дроб, панкреасот, го регулира нивото на лош холестерол, крвен притисок, силен е за регулирање на варењето и јакнење на имунитетот, а одличен е и за подобрување на крвната слика.