Здравје // Совети
ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕТО ПО ВАКЦИНАТА ACAM2000 ПРОТИВ МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: ЦДЦ потврди и локален пренос на инфекцијата
Американскиот центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека има докази за локално пренесување на мајмунски сипаници, заедно со извештаи за случаи при патување во странство, пренесува Ројтерс.
Случаите најчесто се јавуваат кај мажи кои имаат секс со мажи, но инфекцијата е можна и кај жените, изјави членот на ЦДЦ, Агам Рао.
Сипаниците, односно вирусната инфекција која предизвикува кожни лезии, е ендемична во одредени делови на Африка. Но, сегашната епидемија ги погоди земјите каде што вирусот обично не се шири, што предизвика загриженост.