ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ И ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР: Израел најде поврзаност, најпогодени момчињата од 16 до 19 години

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство на Израел соопшти дека открило мал број случаи на воспаленија на срцевиот мускул или миокардитис кај лица што примиле вакцина на „Фајзер“  против Ковид-19. Од министерството објавиле дека малиот број случаи, од кои најмногу биле кај млади мажи, веројатно бил поврзан со нивното вакцинирање, пренесува „Ројтерс“.

Во Израел биле забележани 275 случаи на миокардитис во над 5 милиони вакцинирани лица во периодот од декември 2020 до мај 2021 г. Поголемиот дел од пациентите што имале воспаление на срцевиот мускул поминале најмногу четири дена во болница, а 95% од случаите биле со слаби симптоми, покажало истражување спроведено за министерството за здравство на Израел.

Детали на Фактор, тука.