ВОЗИ И ТИ MAX ВЕЛОСИПЕД: Македонскиот бренд MAX со нова колекција на велосипеди за 2022
Македонскиот бренд МАХ кој
повеќе од 20 години е
дел од македонскиот пазар,
ја претстави новата колекција на велосипеди за 2022 година, дизајнирана од
Mакедонски дизајнери.
Овој македонски бренд во своето портфолио може да се пофали со голем избор на велосипеди за сечиј вкус и потреба.
Под слоганот „ВОЗИ МАХ“, оваа година МАХ брендот нуди повеќе од 70 модели на велосипеди како градски велосипеди, велосипеди за планина и голем избор на велосипеди за деца и тинејџери,како и најразлични и многу потребни аксесоари..
Возењето велосипед е сè повеќе популарна форма на рекреација и една од ретките спортски активности што може да се прилагодат на животниот стил, навиките, интересите и потребите. Редовното возење велосипед е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од развој на здравствени проблеми, а со него се подигнува и свеста заштита на животната средина.
Како и при изборот на било кој друг производ, така и кај велосипедот, секогаш се поставува едно прашање - како да го избереме најдобриот велосипед за себе?
Во колекцијата на МАХ велосипеди за 2022 година, ќе го пронајдете вашиот омилен модел на велосипед, кој одговара на вашите димензии, вашиот стил и потреба на возење, и ги запазува сите потребни детали.
За градските улици има атрактивни градски велосипеди со предно и задно светло на батерии, како и 6 брзини-шимано менувач и посебна ергономија на рамот за уживање во возењето.
Љубителите на планинските и адреналинските возења можат да се одлучат за некој од спортските велосипеди со рапид фајр менувачи, преден амортизер, високо квалитетно седло VADER и педали со дијамантски облик.
Гумите на МАХ велосипедите се направени од висококвалитетна гума, прилагодени за намената на велосипедот и во зависност од условите на возење (асфалт, земја, кал)
Исто така, заедничко за сите МАХ велосипеди се двослојните нископрофилни алуминиумски бандажи со кои дополнително е зголемена безбедноста, како и цврстината на самите бандажи, а со нив се намалува тежината, па со самото тоа возењето и упрaвувањето е полесно.
Во колекцијата на МАХ велосипедите за 2022 година, се вклучени и детските велосипеди. Она што треба да се земе во предвид при изборот на велосипед за најмалите, е дека велосипедот треба да биде првично визуелно привлечен за детето, така што со задоволство ќе го вози. За таа цел, МАХ велосипедите се направени со ултра модерен дизајн од високо квалитетна боја со интегрирани налепници, што додатно ја зголемува заинтересираноста и уживањето кај дечињата, и НАЈВАЖНОТО од сѐ опремени се со високо квалитетни пластични и гумени делови од посебни материјали.
Од 12 инчи до брзите со 29“, МАХ велосипедите ги запазуваат сите сегменти во одбирањето на вашиот омилен велосипед за вас и вашите најмили, за возењето да биде МАХимално опуштено.
Добриот квалитет секогаш остава трага, а квалитетот на МАХ велосипедите е неизбежен. Биди кул, вози МАХимално добар велосипед!
Целата колекција на МАХ велосипедите за 2022 година, погледнете ја ОВДЕ!
ПР објава