Впечатлив кармин и класичен аутфит: Стилот на Беса Арифи
Беса Арифи е вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа. Таа на македонската јавност и е позната како политички аналитичар, и помлада сестра на политичарката Теута Арифи.
Нејзините родители се просветни работници, а љубовта кон учењето Беса ја негува уште од дете. По завршувањето на гимназија во Тетово, се запишува на Правниот факултет во Скопје каде е прогласена за студент на генерација. Подоцна магистрира и докторира, а нејзината специјалност е кривичното право.
Беса е во брак од кој има две деца.
Она што е секогаш забележително за нејзините јавни појавувања е софистицираниот стил кој го негува.
Беса не може да ја видиме без средена исфенирана фризура и впечатлив кармин.
Очигледно е дека таа сака да носи класични парчиња, па затоа секогаш избира варјанта на кошула со џемперче, или пак елегантно сако и кошула.Секако знае да избере и тренди фустани, кои и прилегаат одлично.
Сепак Беса може да ја видиме и во покежуал аутфити, за кои избира фармерска јакна или лежерна кошула.
Д.К.