Вработените на Vip во крводарителска акција
Телекомуникациската компанија Vip во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Државниот Завод за трансфузиологија спроведе крводарителска акција во која вработените во Vip повторно ја покажаа својата хумана страна и излегоа во пресрет на здравствените институции се со цел да се намали недостатокот на крв и крвни продукти.
“Свесни за значењето за обезбедување доволни количини крвни единици во секое време, вработените во Vip повторно доброволно се пријавија на крводарителската акција организирана денеска во просториите на компанијата. Горди сме на масовниот одзив од страна на вработените и на бројот на дарувани крвни единици. Упатуваме неизмерна благодарност за хуманоста која ја покажуваат вработените, даруваат за оние пациенти на кои крвта им е потребна и на тој начин спасуваат животи “, изјави Елена Димовска, раководител на Одделот за корпоративни комуникации.
На акцијата која се одржа во просториите на Vip крв даруваа 50 вработени.