Вработените на Vip во крводарителска акција
Телекомуникациската компанија Vip во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Државниот Завод за трансфузиологија спроведе крводарителска акција во која вработените во Vip ја покажаа својата хумана страна и излегоа во пресрет на здравствените институции се со цел да се намали недостатокот на крв и крвни продукти особено во овој летен период.
“Ние во Vip знаеме дека само неколку минути издвоени за дарување крв е доволна да се спаси човечки живот и затоа крводарителските акции се редовно организирани во нашата компанија. Денеска, горди сме на масовниот одзив од страна на вработените и на бројот на дарувани крвни единици. На сите кои ја покажаа својата хуманост преку дарување крв им упатуваме искрени честитки и неизмерна благодарност за хуманоста која ја покажуваат и на тој начин спасуваат животи на оние на кои крвта им е потребна“,изјави Елена Димовска, раководител на Одделот за корпоративни комуникации.
На акцијата која се одржа во просториите на Vip крв даруваа 50 вработени.