Вработените од АМСМ и годинава трчаа во чест на трагично загинатиот колега

Добивај вести на Viber

Со свој тим од 95 вработени, Авто - Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) и овојпат учествуваше на Скопскиот маратон. 

На овој начин, вработените од АМСМ и оваа година му оддадоа чест на својот трагично загинат колега Александар, вљубеник во планинарскиот спорт и редовен учесник на маратонот, и неговата другарка Калина.

- Аце, кој постарите колеги ќе го паметат како дете, помладите како добар пријател, но секој од нас како вистински лидер кој инспирира, и овојпат успеа да нè мобилизира во голем број, потврдувајќи дека големината на секој од нас е во делата по кои остануваме запаметени - напишаа вработените од АМСМ.