Вредносни подарок ваучери од dm!
Подарок кој никој не би сакал да го замени. Брзо и лесно до совршен празничен подарок!
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на секој од нас му е потребна мала инспирација да го одбере совршениот подарок за своите најблиски. Во дрогериите на dm можете да пронајдете голем избор на подароци и производи соодветни за предновогодишното дарување, како и многу инспирации за подароци кои ќе донесат насмевка на лицата на Вашите најблиски.
Подарок ваучерите од dm се едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за потесниот круг од семејството, пријатели, колеги или соработници.
Овој тип подарок е сè попопуларен во светот, пред сè поради практичноста, односно поради можноста сопственикот на подарок ваучерот самостојно да ја посети продавницата, каде може да го искористи и сам да го одбере производот што сака да го има. Можноста ваучерот да се набави во два различни дизајни и две различни вредности, го прави идеален подарок за секоја пригода.
Вредносните подарок ваучери од dm, кои се достапни во износ од 350, 500 и 1.000 денари, може да ги пронајдете во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга.
Што всушност претставува dm подарок ваучерот?
Ваучерот, достапен во износ од 350, 500 и 1.000 денари, всушност е картичка што можете да ја купите од која било dm дрогерија.
Личноста која го поседува овој подарок ваучер може да посети која било dm дрогерија и да набави производи во вредност на добиениот подарок ваучер, односно да ги плати со ваучерот, на ист начин како да плаќа во готовина.
Подарок ваучерите од dm се совршен избор и за компании кои сакаат на своите вработени да им ги честитаат новогодишните и божиќните празници со мал, но елегантен и практичен подарок, за има и опција за плаќање на фактура.
Како се користат подарок-ваучерите од dm?
Вредноста на ваучерот заменува готовина во истиот износ;
Сопственикот на ваучерот може да го искористи за набавка на омилените производи во сите dm дрогерии;
Ваучерот се користи во целост, еднократно;
Не се врши готовинска исплата или исплата на разликата од вредноста на производите и вредноста на ваучерот;
Ако вредноста на производите е поголема од вредноста на ваучерот, може да се доплати;
Цената на ваучерот е трајна и не подлежи на акциските промоции;
Рокот на важење на ваучерот е траен.