Време беше да се прекршат табуата: Мијата во улога на модел

Добивај вести на Viber

Кантавторката Мијата одлично се снајде во улога на модел, сношти во скопскиот хотел „Мериот“ на затварањето на Моден викенд Скопје.

Мијата носеше модел на дизајнерката Сара Реџиќ. На модната писта, на истата ревија се појави и нејзината сестра, актерката Јелена Мијатовиќ. Креации на Реџиќ, носеа и професионални манекенки и жени кои носат поголеми конфекциски броеви. 

„ Драго ми е што Сара Реџиќ направи еден концепт на модна ревија со кој го доближи FWSK директно до своите консументи.  На пистата покрај професионалните модели се појавивме и група на жени кои го носиме бохо стилот на Sari G во нашето секојдневие а нѐ има во сите величини и форми на тело. Според реакцијата на публиката, сфативме дека време беше да се помдрнат некои граници и да се прекршат табуата,  а мене ми е огромна чест што бев дел од ваква пионерска ревија“, ни изјави Мијата по настапот. Во моментов, таа е актуелна со авторксиот уметнички проект „Јаболки и круши“ со кој наскоро ќе се претстави и пред скопската публика. М.Џ.