Врескав на сет глас додека сѐ триев со сода бикарбона: Српска старлета откри како се справила со неуспешното исцртување на веѓите

Добивај вести на Viber

Естетските корекции на лицето и телото, популарното исцртување на веѓите, очите и унсите се голем тренд особено помеѓу познантите. Но и покрај тоа што тие се наменети за подобар изглед, често се случува да се појават компликации или козметичарот да не си ја заврши работата како што му е побарано.

Но што потоа? Како од една ваква ситуација „извлекла жива глава“ познатата српска старлета Маја Маринковиќ е нешто што можеби ќе ги натера жените да се предомислат кога се во прашање вештачки исцртаните веѓи, или пак добро да размислат пред да се одлучат на еден ваков зафат.

-Еднаш кога ги правев веѓите тоа беше хаос, ми ги направи премногу лоши. Земав сода бикарбона и на жива рана ја триев. Плачев, врескав и триев. Беа мнгоу грозни, премногу дебели, изјави Маја, присетувајќи се на немилиот настан.

Инаку Маринковиќ е позата во јавноста по учеството во српски реални шоуа, но и како старлета која има направено премногу пластични операции со што го има комплетно променето физичкиот изглед.

И покрај тоа што многупати е осудувана од јавнста поради нејзиното недолично однесување, Маја  често ги советува младите да не ги прават истите грешки како и таа за не мора да поминуваат низ истиот пекол, а не се срами ниту да каже дека не добар пример како една девојка треба да се однесува, напротив.


Фото: printscreenInstagram