Врвен руски психолог: Овие работи ниту една мајка не смее да ѝ ги направи на својата ќерка, може да има трајни последици
Популарниот руски психолог Михаил Лабковски зад себе има 40 години работа на тема семејна психологија. Во оваа прилика тој зборуваше за воспитувањето ќерки и мајките кои страдаат
„Статистички, жените се најчесто жртви во семејствата. Не ми се допаѓа идејата дека жените по природа се пасивни и пожртвувани. Всушност, постојат општествени корени, норми, но и родителски реченици кои буквално го закопуваат девојчето, а подоцна и жената:
„Ти си девојка, девојките не се караат“.
„Чувај го образот, молчи, биди над него...“
„Жената мора да може да издржи“ - и други глупости.
За жал, многу мајки сè уште ги воспитуваат своите ќерки на овој начин. Но, се случува и мајката да ѝ каже на ќерката: „Биди силна“, „Треба да се залагаш за себе“ или „Ништо не те ограничува“, додека во исто време мајката го живее животот како типична жртва.
Секако, најлошото нешто што една мајка може да му го направи на своето дете е да седне по расправија со таткото и да каже „види што ми направи татко ти!“
Ова не смее да се случи! Вашето дете не треба да ви биде терапевт!⠀
Патем, да се осврнам на популарната фраза: „Го трпев само заради децата“ - Драга жено, колку повеќе го трпиш и трпиш, толку посилно формираш жртва кај твоите деца!⠀
Ако сакате да направите нешто важно за вашето дете - оставете го тиранинот! Подобро децата да живеат под кирија, на село или да трпат сиромаштија, отколку да гледаат како татко им ја малтретира мајката или нивните родители се караат секој ден.⠀
Еден мој пријател сака да вели: „Сè уште не е сè решено! Секогаш можете да почнете да живеете поинаку“.
Проблемот е во главата, а не во сопругот, газдата, економската ситуација или Господ знае што! И само вие можете да го направите првиот чекор!“
Михаил Лабковски
Извор: stil.kurir.rs