Всадете им на децата чувство за правда и почитување кон другите
Што би направиле ако вашето дете намерно го растури замокот на неговиот другар и тоа дете почне да плаче? Ако му кажете само да се извини, сте направивте само половина работа, предупредуваат експертите.
Ништо не е полесно за детето отколку да каже „извини“, и со тоа да не ја научи лекцијата. Ако сте свесни дека вашето мало момче или девојче лошо се однесува кон некој, мора да реагирате, бидејќи само така ќе почувствува „фер игра".
Во овој случај, прво ќе го одделите настрана и прашајте го зошто го уништило замокот на другарчето. Што и да каже детето, слушајте без да го осудите, дури и ако вели дека е љубоморен дека неговиот замок е помалку убав.
Потоа покажете му ги на детето последиците од таа постапка, кажете му дека неговото другарче е повредено и како би се чувствувало тоа ако некој му го срушел неговиот замок. Предложете му да му помогне на другарчето да го направи замокот повторно, а не само да се извини.
Кога детето ќе го охрабрите со дело да покаже извинување, во тоа му влевате чувство на правда и докажете му дека е важно другите да се третираат со почит и фер, па тоа утре, кога ќе порасне, ќе бидат корисни вештини во неговите општествени односи.