Втор ден свадба, сменети 5 изгледи: Сопругата на братот на Ѓоковиќ се надмина себе си

Добивај вести на Viber

Сашка Веселинов блесна во интересен модел на венчаница на вториот ден од свадбата, со Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Братот на светскиот тениски ас и директор на тенискиот турнир „Србија опен“ Ѓорѓе Ѓоковиќ се ожени со Сашка Веселинов, модел и инфлуенсер.

Венчавката се одржа во црквата Свети Марко во Белград, а по црковната венчавка, парот славењето го продолжи во Црна Гора. По тој повод беше обезбеден и воздушен превоз за гостите.

За луксузната церемонија придонесе и луксузната венчаница на Сашка која ја носеше во црвка.  

Венчаницата се состоеше од дел од корсет и здолниште од тул, кое беше испреплетено со светки, а исто така се истакнуваше и долгиот превез, кој се влечеше по подот.

Двојката вчера го прослави и граѓанскиот брак, која се одржа на плажа. 

Невестата за таа прилика облекла малку поскромниот модел на венчаницата од оној што го носеше пред 2 дена, но секако го истакна нејзиното убаво тело. Венчаницата беше во крем боја, ишаран со мотиви од тантела. Фустанот беше доволно отворен за да ги открие нејзините раменици, а исто така имаше и длабоко деколте. 

Венчаницата ја комплетираше голема машна на грбот која дојде до израз, бидејќи косата на Сашка беше собрана во пунџа која одлично се вклопуваше со овој тип на венчаница. 

Интересно е и тоа што невестата на свадбата прошетала боса, како што доликува на песочна плажа. Целата атмосфера беше опуштена и како од бајките, а многу девојки сонуваат за ваков стил на венчавка. 

Како што славењето го достигна својот врв, и невестата покажа дека нејзините свадбени тоалети не завршуваат тука, па промени неколку аутфити.


Повеќе фотографии погледнете во ГАЛЕРИЈАТА:

Фото: Инстаграм