Втор сингл и спот пред албум за локалниот бенд АнтиарТ
Во среда, на 28-ми ноември на YouTube (ЈуТјуб) каналот на бендот “АнтиарТ” беше објавен нивниот втор официјален сингл и видео запис. Песната се вика “Завидлив поглед” и е авторско дело на бендот, поточно композиција на Никола Бочваров и Леана Таќи (Леа), текст на Леа и аранжман на Никола и АнтиарТ. Видеото го снимаше Кочо Сотировски, а го едитираше Леа. Специјален придонес за време на снимањето даде Кристијан Теодоров и Елена Петковска. Дел од песната е снимен во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.
Спотот може да се погледне ТУКА.
Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи - Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски - Џигер (тапани). Бендот во моментов работи на финалните детаљи на својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на овогодинешниот РокФест.