WIZZ AIR РЕГРУТИРА КАБИНСКИ ЕКИПАЖ ВО СКОПЈЕ

Добивај вести на Viber

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржливата авиокомпанија во Европа*, продолжува да го засилува регрутирањето во Северна Македонија со цел да вработи кабински екипаж во својата база на аеродромот во Скопје. Во Скопје во февруари и март ќе се одржат настани за регрутирање на аспиранти таленти. Ентузијастичките кандидати кои отсекогаш сонувале за кариера на небото можат да аплицираат онлајнтука.

Како дел од регрутирањето на кабински екипаж на Wizz Air, авиокомпанијата ќе одржи серија настани, кои ќе се одржат во Hotel Tim's Apartmentsво Скопје во февруари и март, нудејќи им на аспирантите таленти шанса да дознаат повеќе за Wizz Air и да аплицираат за отворените позиции за кабински екипаж на авиокомпанијата. За овие настани, се очекува кандидатите да пристигнат точно во 9 часот, со ажурирана биографија и да бидат подготвени за цел ден активности, вклучувајќи лично претставување, ситуациона игра на улоги, тимски вежби и индивидуално интервју.

Wizz Air ги прифаќа сите апликации со и без претходно искуство. Членовите на кабинскиот екипаж кои ќе се приклучат на Wizz Air можат да очекуваат конкурентна плата во една од најбрзо растечките и најзелените авиокомпании во Европа, обука водечка во индустријата, плата за време на почетниот период на обука, бесплатна униформа, неограничен број билети за вработени, бесплатни билети и фантастични попусти за пријателите и семејството и месечен распоред. Кандидатите ги очекува работа во пријателска, поддржувачка и мултикултурна средина, со пристап до различни возбудливи можности за напредување во кариерата во Wizz Air, кој моментално е присутен во над 50 земји.

Активноста на Wizz Air за регрутирање на кабински екипаж на скопскиот аеродром следи по периодот на континуирано проширување на авиокомпанијата, која сега нуди нискобуџетни летови до 31 дестинација до 13 земји, од аеродромот каде што е најголемиот оператор. Од својот прв лет од скопскиот аеродром во јуни 2011 година и отворањето на својата база во ноември 2012 година, Wizz Air на скопјани им понуди низа рути до голем број на познати дестинации. Истовремено компанијата созададе нови работни позиции, стимулирајќи ја локалната економија и овозможи поголемо поврзување со регионот.

Wizz Air, исто така има отворени позиции и за нови пилоти, кои ќе имаат можност да управуваат со постојано растечката флота на авиокомпанијата која располага со млади, модерни и одржливи авиони Ербас А320 и А321. Авиокомпанијата ги поздравува апликациите и од искусни капетани и први офицери, како и оние кои немаат искуство со летање. Кандидатите кои се заинтересирани можат да аплицираат онлајн на следниот линк: https://careers.wizzair.com/go/Pilot-Jobs/5258601/

Andras Rado, сениорменаџер за регрутирање на кабински во Wizz Air, изјави: „Изминатите две години имавме доста возбудлив период на проширување во Wizz Air и сме воодушевени што го зголемуваме нашиот кабински екишаж, бидејќи капацитетот и побарувачката продолжуваат да се засилуваат пред летната сезона. Без оглед на искуството, ние сме посветени да му понудиме на нашиот екипаж јасен пат во кариерата и можности за развој, како и  список со модели со кои може да се овозможи подобар баланс помеѓу работата и животот. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со аспиративниот кабински екипаж на нашите настани за регрутирање, за да ги презентираме возбудливите можности што ги нудиме. Ако сакате да запознаете нови пријатели, да откриете нови места и да прифатите нов предизвик, не двоумете се да аплицирате денес!

За Wizz Air 

Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 149 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 10.2  милиони патници во финансиската година која завршува на  31 Март 2021. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

За повеќе информации:

Christie Rawlings – Head of Corporate Communications: christie.rawlings@wizzair.com ; +36 70 685 1583

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair