Џoрџ и Амал Клуни на суд за старателството над близнаците?

По неколкумесечни несогласувања и тензии, парот, наводно, решил да стави крај на агонијата и одлучиле на суд да завршат се за разводот и старателство над децата.


Разводот на Џорџ (59) и Амал Клуни (42) беше шпекулиран во светските медиуми во мај за време на самоизолацијата поради пандемијата на коронарнавирус, а кавгите и несогласувањата во карантинот беа најчесто наведенувани како причина за пропаѓање на нивниот брак.

Холивудскиот актер и славниот адвокат се во брак повеќе од пет години, а порталот „Entertainment Times“ пишува дека парот деновиве поминува повеќе време на суд затоа што во моментов се борат за старателството над тригодишните близнаци Александар и Ела.

Имено, се шират гласини за тоа како актерот признал дека не е среќен во бракот со сопругата, која е 12 години помлада од него.

Патем, несогласувањето започнало со неодамнешните дискусии за местото на живеење, поточно дали тој ќе живее, според желбата на Амал во Велика Британија или во Лос Анџелес каде холивудскиот актер го гледа својот живот.

Различните мислења довеле до разделување, а ако се верува во гласините, тие веќе живеат одделно. А токму тоа е проблем за децата, што било и причината за одење на суд.

Се потсетуваме, парот судбоносното „да“ го рече во септември 2014 година во Венеција во хотелот „Циприани“.


Извор: story.hr

Фото: Инстаграм