Yon Idy e сè поблиску до остварување на својот евровизиски сон: Dreams е патот до Торино
По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon
Idy ја промовираше Dreams во емисијата Стисни Плеј во рамки на
национланиот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година
македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што
ќе ја преставува нашата земја во Торино.
Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката. „Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме,“ вели Yon Idy.
Ова е линкот на кој може да гласате за песната Dreams на Yon Idy.
https://evrovizija.mrt.com.mk/
Yon Idy со својот посебен стил на интерпретација потсетува на странски музичар кој “залутал” на нашата сцена. Сосем свој, скромен, а шармантен, емотивно ги доловува текстовите кои ги пеепридружуван од својата гитара. Многумина ги слушнале неговите песнина македонските радиа незнаејќи дека вусшност станува збор за домашен музичар.
Yon Idy е пораснат опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува и учи од класичните уметници како Битлси и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со здрави дози на блуз и инди сцени. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно и со нетрпение очекува да го издаде својот прв целосен албум во 2022 година.
Поврзете се со Yon на социјалните мрежи:
Facebook | Instagram | Twitter
Профили на музички платформи:
Spotify | Apple Music | YouTube
ПР објава