З пијалоци за добро хормонско здравје: Жените ова би требало да го пијат секој ден

Добивај вести на Viber

Кога размислувате за хормонално здравје, што прво ви паѓа на памет? Таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефективни природни лекови.

Темата за балансирано хормонално здравје станува сѐ повеќе актуелна со текот на годините. Следуваат скапи лекови и бескрајни консултации со гинеколог. Обидете се да ја спречите потребата од лекови кои ги регулираат хормоналните промени што се случуваат со текот на времето веднаш!

Еве три природни рецепти кои ја стабилизираат секрецијата на хормоните:

Топла вода со лимон

Топла вода со лимон придонесува за слабеење, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето, пишува uspesnazena.com. Причината за ова е што лимонот влијае на хормонот за ситост - лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да формира масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидрација и го подобрува варењето.

- Рецептот е многу едноставен: исцедете го сокот од половина лимон во чаша топла вода и пијте одеднаш. Подобро ќе го започнете утрото со овој пијалок.

Чај од лисја од малина

Лисјата од малина веќе долго време се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека ова растение има корисен ефект врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста немаат тешкотии при породување.

- Рецептот е исто така едноставен: истурете една лажица лисја од малина (може да се користат и сушени) со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Не пијте го овој чај пред спиење, пијте го во текот на денот.

Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и го балансира нивото на хормоните во телото. Овој пијалок загрева, освежува и смирува. Состојките прават корисна комбинација за регулирање на хормоните и генерално имаат корисен ефект врз телото.

Ајурведата ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

Ви препорачуваме да го започнете утрото со топла вода со лимон, чај од малина да пиете во текот на денот, а пред спиење почестете се со топло златно млеко.

Состојки за подготовка на златно млеко:

  • 250 мл млеко
  • 2 лажици (околу 40 мл) нерафинирано бадемово масло
  • природен мед по вкус
  • 1 лажичка паста од куркума.
Подготовка на златното млеко:
  1. -Млекото проварете го и во него додајте го бадемово масло (може и да го замените со друго нерафинирано).
  1. -Тргнете го садот од оган и турете го млекото во шолја, па додајте од претходно припремената паста од куркума
  1. -Засладете по вкус и убаво измешајте.
Начин на употреба на златното млеко:

Пастата од куркума можете да ја припремите во поголема количина и да ја користите во текот на 40 дена, колку што е времетраењето на третманот. За да ја зачувате исправна, неколку лажички од пастата оставете ги во затворен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба.

Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно.


Фото: Freepik