За помалку од два часа направив 5 тегли ајвар во станот: Рецептот на тетка ми кој со генерации се пренесува од колено на колено ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Зимницата може и мора да се подготви во станот, ако нема друг избор. И овој рецепт е одговорот на прашањето "Како?"

Состојки:

- 5 кг пиперки (ако се погусти и помеснати)

- 1,5 кг модар патлиџан

- 2 лажици оцет 9%

- 1,5 лажици шеќер

- 2 лажици сол

- 200 мл масло

Подготовка: Пиперките измијте ги и испечете ги во рерна. Направете го истото со модриот патлиџан. Потоа исчистете ги пиперките и модриот патлиџан од кората и семките. Ситно исецкајте, па измелете се во блендер. Потоа ставете ја смесата во врело масло и пржжете на шпорет во тава додека убаво не се испржи заедно со оцетот, солта и шеќерот.


Чистите тегли загрејте ги 10 минути на 100 степени во рерна. Во топлите тегли истурете го врелиот ајвар. Затворете и ставате сè во загреаната рерна. Оставете ги вака 10 минути на 100 степени, исклучете ја рерната и оставете да отстои додека не се излади.